Англија
Манчестер Јунајтед ја потврди разделбата со директорот за кого преговараше со месеци и плати голема отштета
Џим Ретклиф и неговите најблиски соработници во Манчестер Јунајтед направија неочекуван потег, прекинувајќи ја соработката со спортскиот директор Дан Ешворт.
Англиските медиуми уште утринава ја објавија информацијата, за подоцна и клубот да ја потврди со кратко соопштение, со кое му посака среќа на Ешворт во неговите идни ангажмани.
Потегот немаше да биде изненадување, ако Ешворт не беше директор само пет месеци, а претходно принудно престана да ја врши истата функција во Њукасл, додека Јунајтед преговараше за негов „трансфер“.
Клубовите постигнале договор за отштета тешка 3 милиони фунти, за сега Ешворт да биде отстранет од новото спортско раководство на „црвените ѓаволи“.
Одлуката ја иницирал Ретклиф, а меѓу најважните причини е и ефектот од првиот преоден рок под водство на Ешворт, во кој Јунајтед потроши речиси 200 милиони фунти за фудбалери како Јоро, Угарте, Зиркзе, Де Лихт и Мазрауи.
Dan Ashworth will be leaving his role as Sporting Director of Manchester United by mutual agreement.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 8, 2024
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија21 час
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија15 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства16 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија20 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)