Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ја менува позицијата, Роналдо заминува во јануари

Објавено

на

Кристијано Роналдо не ја добива посакуваната минутажа во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што клубот инсистираше да остане на „Олд Трафорд“ и сезонава.

Португалецот не настапи и на последното дерби со Манчестер Сити, а менаџерот Ерик тен Хаг е посебно вниимателен со изјавите кога зборува за големата фудбалска ѕвезда.

Сепак и на Тен Хаг му станало јасно дека клубот и лично тој трпат претерано голем притисок поради статусот на Роналдо, па затоа му соопштил на раководството дека се согласува фудбалерот да замине во јануари.

Тен Хаг постојано изјавуваше дека ќе смета на Роналдо сезонава и не очекува разделба со искусниот играч, но сега ставот е поинаков и менаџерот ќе се надева дека Жорге Мендеш ќе најде излез за Португалецот во зимскиот преоден рок.

Настапот на Светското првенство е многу важен за Кристијано, па со добри игри во Катар полесно ќе обезбеди посакуван трансфер во некоја друга европска екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни