Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед испрати емотивна порака до разочараниот Рашфорд

Објавено

на

Маркус Рашфорд беше еден од трагичарите на Англија во финалето на Европското првенство и фудбалер кој прв не реализираше за „трите лава“ во пенал серијата против Италија.

Рашфорд влезе пред крајот на продолжението токму како искусен пеналџија, но потегот на селекторот Герет Саутгејт не се покажа како профитабилен.

За жал, дел од англиските фанови веднаш испратија и расистички навреди на сметка на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, а неговиот клуб се обиде да го утеши за разочарувачката ноќ со порака упатена преку социјалните мрежи.

– Еден удар нема да те дефинира како фудбалер и личност, Маркус, запамети го тоа, – вели твитот на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни