Англија
Манчестер Јунајтед им најави ново поскапување на билетите на фановите

Резултатската криза не е единствен проблем за Манчестер Јунајтед во моментов, а клубот го потврдил тоа со соопштението пратено до своите официјални фан клубови.
Премиерлигашот потенцира дека може да ги прекрши правилата за финансискиот фер-плеј и најавил дека поради тоа мора да реагира со зголемување на цените на билетите.
– Ако не реагираме веднаш, соочени сме со опасност да ги прекршиме правилата. Во моментов правиме сериозни загуби, отприлика од 300 милиони фунти последните три години и тоа не е бројка со која можеме да издржиме.
-Тоа значи дека ќе мора да направиме одредени потези, вклучувајќи го намалувањето на трошоците и намалувањето на бројот на вработени.
– Не очекуваме фановите да го понесат целиот товар, но мора да ја ревидираме ценовната стратегија за билетите за да бидеме сигурни дека ја наплатуваме соодветната сума и одредуваме соодветни попусти, – стоело во соопштението на клубот.
Интересно е што фан клубовите претходно се жалеа дека клубот ги експлоатира навивачите со високи цени на билетите поради лошата финансиска ситуација, а најновиот став најавува и можни нови поскапувања.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед последните пет финансиски години има загуба од 370 милиони фунти.
-
НБА8 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Англија9 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија10 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија8 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија23 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
НБА6 часа
Маестро Дончиќ режира кошаркарски магии и во лоша НБА вечер (Видео)
-
Лига на шампиони5 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука
-
Лига на шампиони9 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)