Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед го прецртал Тухел од конкуренцијата за наследник на Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Раководството на Манчестер Јунајтед ја пролонгираше одлуката околу менаџерската позиција и евентулната смена на Ерик тен Хаг, но медиумите и натаму пренесуваат информации за неговиот евентуален наследник.

Локалниот весник „Манчестер ивнинг њуз“ тврди дека Томас Тухел е далеку од фаворитска позиција да стане нов менаџер на Јунајтед, бидејќи проценката на раководството е дека тој не е тренер за долгорочен проект.

Тухел досега водел иста екипа повеќе од две сезони само на почетокот на кариерата во Германија, за подоцна често да се разделува со клубовите по краток период.

Германецот има репутација на тренер кој лесно влегува во конфликт со одредени фудбалери, но и менаџментот на клубовите, а такво нешто сакаат да избегнат водечките луѓе на „Инеос“, кои го преземаа одлучувањето за фудбалските операции на „Олд Трафорд“.

Официјалниот став на Манчестер Јунајтед околу менаџерската позиција се очекува наредната недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни