Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед го нуди Марсијал на европски гигант

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер има доста време да склопи тим со кој ќе атакува на трофеи кои му се прекупотребни следната сезона.

Џејдон Санчо останува топ мета на „ѓаволите“ за летниот преоден рок, и за разлика од лани сега побргу ги вршат работите, па веќе успеаја да ги договорат личните примања на играчот.

Освен доаѓања, од клубот ќе има и заминувања, а познатиот англиски новинар, Данкан Кастлс пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се ослободи од Антони Марсијал во летниот преоден рок.

Французинот сезоната што измина запиша само четири погодоци во сите конкуренции и по лошата сезона од клубот веќе размислуваат да се ослободат од неговиот договор.

Според Кастлс, Манчестер Јунајтед ќе го понуди Марсијал на Реал Мадрид кој би го довел првично на позајмица со право на целосен откуп на неговиот договор доколку ги задоволи потребите во Мадрид. Сличен „дил“ овие два клуба имаа со Чичарито Ернандез, меѓутоа тогаш Реал Мадрид не се реши да го откупи договорот на напаѓачот, па тој се врати во Манчестер, а потоа направи трансфер во Баер Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни