Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ги повика своите фудбалери да се вратат во Англија, се очекува продолжување на првенството

Објавено

на

Во очекување на продолжување на првенството и почетокот на тренажниот процес, од Манчестер Јунајтед ги повикале сите свои фудбалери кои се надвор од Англија да се вратат назад.

Се уште се чека конечната одлука дали сезоната ќе продолжи, а многумина сметаат дека овој потег на „ѓаволите“ е јасен доказ дека големи се шансите фудбалерите да се вратат на тренинг, а потоа и да ги заиграат натпреварите.

На Островот стравуваат дека евентуалното враќање и т.н „Проект рестар“ според кој фудбалерите треба да следат протокол кога ќе се вратат на терените, би можеле да бидат погубни во ширењето на коронавирусот.

Како и да е, од Јунајтед ги повикале фудбалерите кои мора да се вратат во Манчестер до крајот на оваа недела, а потоа да поминат 14 дена во изолација и индивидуални тренинзи, пред да почнат групните тренинзи.

Се очекува дека Премиер лигата ќе се врати на 8-ми или 12-ти јуни и ќе трае до крајот на месец јули, но за се последен збор ќе има владата на Велика Британија која ќе пресече дали е безбедно да се игра или не.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни