Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед добива жестока конкуреција: Еден премиерлигаш ќе притиска за ангажман на Санчо

Објавено

на

Германските медиуми пренесуваат дека трката за Џејдон Санчо ќе биде дополнително разгорена ова лето затоа што по ангажман на играчот ќе тргне уште еден член од Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед долго време важи за фаворит за потписот на одличниот крилен фудбалер, а одреден период се споменуваше и тимот на Ливерпул кој наводно би можел да пројави интерес.

Сега „Билд“ пишува дека за ангажман на Санчо сериозно ќе притисне тимот на Челси од каде не се задоволни од фудбалерите кои ги имаат во офанзивата. Томас Тухел е подготвен да се бори со Манчестер Јунајтед за да го ангажира Санчо кој би чинел околу 80 милиони фунти ова лето.

За потсетување, минатото лето Борусија Дортмунд одбиваше да го продаде Санчо за сума помала од 120 милиони фунти, а како што најави спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк, ова лето тие би можеле да го продадат фудбалерот затоа што со него имаат џентлменски договор околу евентуалниот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни