Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед без тројца стартери во одбраната против Вилјареал

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е под поголем притисок за победа над Вилјареал поради поразот во првото коло на Лигата на шампионите, а менаџерот Оле Гунар Солскјер има сериозни проблеми со составот.

Норвежанецот има „слатки маки“ за офанзивниот дел, но затоа вистинските маки се поврзани со дефанзивната линија.

Лук Шо беше повлечен на дуелот со Астон Вила поради повреда, па иако денеска тренирал, се чини дека шансите за настап со Вилјареал се минимални, поради избегнување поголем ризик.

Истовремено, Хари Мегваер дефинитивно нема да игра против шпанскиот ривал и Солскјер потврдил дека стоперот ќе паузира две-три недели.

Арон Ван Бисака е суспендиран поради црвениот картон заработен на дуелот со Јанг Бојс, што значи дека менаџерот на Јунајтед може да смета само на Рафаел Варан од стандардната четворка.

Далот и Линделоф се реални опции за утрешниот дуел, а шанса може да добие и Алекс Телјес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни