Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед 15 натпревари не знае за пораз, но Невил не е убеден дека се доволно добри: Им требаат…

Објавено

на

blank

Стручниот аналитичар на „Скај Спортс“ и поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека тимот предводен од Оле Гунар Солскјер се уште не е на потребното ниво.

Невил посочи дека за Јунајтед да може да се бори за титулата, што треба да биде нивна цел во иднина ќе треба да донесе уште три или четири играчи од типот на Бруно Фернандеш.

Португалецот се покажа како вистинско засилување за „ѓаволите“ и брзо стана миленик на фановите на клубот со своите партии кои ги прикажа.

– Овој тим е многу подобар од тој кој беше пред две години кога сите мислевме дека службата за ангажирање на нови играчи во Манчестер Јунајтед тотално го загубила правецот.

– Сепак, и сега треба голема претпазливост. Тие се тим кој напредува и кој има млади играчи, но има уште многу работа која треба да биде завршена на трансфер пазарот за овој тим да може да биде способен да ја освои титулата, што треба да е и амбицијата за клубот.

– Им треба уште многу работа. Три или четири играчи со висок квалитет како Бруно Фернандеш ќе ги донесат до точка тие да се борат за титулата, -смета Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни