Поврзете се со нас

Свет

Манасков втор најдобар стрелец во Веспрем во изминавата сезона (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Веспрем немаше посакуван крај на оваа сезона во која не успеа да направи позначаен резултат во Лигата на шампионите, додека пак на домашно тло ја загуби круната од големиот ривал ПИК Сегед.

Сепак без разлика на тоа нашиот репрезентативец Дејан Манасков имаше квалитетна кампања на индивидуално ниво и за тоа доказ се бројките. Имено крилото ја заврши натпреварувачката 2020/2021 како втор најдобар стрелец со вкупно 166 голови.

Тој беше на делба на втората позиција заедно со кружниот напаѓач Андреас Нилсон. Прво име во тимот на Веспрем во изминатава кампања е Петар Ненадиќ кој заврши со 172 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни