Манасков и Веспрем успешно го решија првото гостување во новата сезона

manaskov

Дејан Манасков и Веспрем ја запишаа шестата победа во шестиот натпревар во најсилниот унгарски шампионат. Вечерва избраниците на Камара славеа на гостувањето кај Орошхази со 31-25.

Уште во првиот дел фаворитот направи одличен резултат и предност од девет разлика (19-10), па продолжението беше само формалнот или во случајот домаќините се изборија за подостоинствен пораз. Во првиот гостински триумф во новата сезона прв стрелец беше Штрлек со 6 голови, нашиот Манасков пак беше автор на 4 погодоци.

Следниот меч за Веспрем е на 21 септември и тоа во Лигата на шампионите против бундеслигашот Кил.

 

Facebook Коментари