Манасков и Веспрем сигурни против ППД Загреб

deki akcija

Веспрем ја оправда фаворитската улога против ППД Загреб на домашната премиера на сезоната во СЕХА лигата и го доби дуелот со убедливи 36:28.

Дејан Манасков и неговите соиграчи имаа целосна резултатска контрола на средбата одиграна во Унгарија, на полувреме водеа со 17:15, но го засилија темпото во вториот дел во кој беше обезбедена сигурната победа.

Манасков беше меѓу подобрите на теренот со 4 голови од 5 упатени удари, а поефикасни од него беа само Благотиншек и Штрлек со по 5 голови.

За Веспрем ова е втора победа во СЕХА сезонава, додека Загреб го доживеа првиот пораз откако во првото коло ја совлада Металопластика.

Facebook Коментари