Манасков и Веспрем со сигурна победа го задржаа перфектниот учинок

manaskov

Унгарскиот првак Веспрем без проблеми го совлада Мезоковедси со резултат 37:26, запишувајќи го тринаесеттиот триумф во исто толку одиграни натпревари во домашното првенство.

Дејан Манасков и неговите соиграчи на полувреме водеа со 21:17, а во вториот дел го засилија темпото за очекувано убедлива победа против гостите кои сезонава најмногу се грижат за својот опстанок во елитата.

Нашиот репрезентативец постигнал 3 гола во триумфот на Веспрем, а поефикасни од него биле Мачковшек со 4, Шмид со 5 и Маргуч кој реализирал дури 11 голови.

Со овој триумф, Веспрем ја задржа предноста од два бода во однос на Пик Сегед, предност која ја заработи со победата на дербито изминатиов викенд. Следниот натпревар Веспрем го игра веќе во среда и тоа против нашиот Еурофарм во рамките на СЕХА лигата.

Facebook Коментари