Манасков и Веспрем со лекција за Кјелце

deki radost

Дејан Манасков даде свој придонес во победата на Веспрем против поранешниот европски шампион Кјелце (31:26) и му помогна на унгарскиот тим да се зацврсти на третото место во својата група во Лигата на шампионите.

По првото полувреме кое заврши со нерешени 15:15, Веспрем го засили темпото во вториот дел и на крајот стигна до убедлива победа од 31:26.

Манасков постигнал 2 гола и имал само едно промашување, а најефикасни во неговиот тим биле Нилсен со 8, односно Лекаи и Илиќ со по 5 голови. Јурецки со 9 погодоци ги предводел стрелците кај поразениот Кјелце.

Facebook Коментари