Манасков и Веспрем ја отворија сезоната со убедлива победа

Manaskov4

Унгарскиот клуб Веспрем ја отвори новата сезона во националното првенство со убедлива победа над Чургои, изразена со резултат 32:17.

Дејан Манасков и неговите соиграчи го решија победникот уште на полувреме кога водеа со 17:11, а во вториот дел таа предност беше дополнително зголемена за рутински триумф во првото коло.

Манасков постигнал 4 голови на оваа средба, исто колку и Наѓ и Тонесен, а најефикасен во редовите на Веспрем бил Гајиќ со 9 погодоци.

Facebook Коментари