Манасков и Веспрем го згазија и Ференцварош

deki vesprem pozdrav

Тимот на Веспрем за кого од оваа сезона настапува и македонското крило Дејан Манасков забележа уште една нова победа и тоа во домашниот шампионат.

Нова жртва на најдобриот унгарски состав беше Ференцварош кој како гостин доживеа тежок пораз од 19 разлика (39-20). Веќе на полувремето фавориот имаше двоцифрена предност (18-8) која дополнително беше зголемена во вторите 30 минути.

Маргуч со 8 голови беше најефикасен, нашиот Деки пак беше стрелец на два погодоци.

Ова за Веспрем беше шести триумф во исто толку средби во Унгарија, додека пак во ЛШ има четири од четири.

Facebook Коментари