Манасков и Веспрем го освоија Купот на Унгарија

deki manaskov

Екипата на Веспрем го освои унгарскиот ракометен Куп, откако во денешното финале беше поуспешна од најголемиот ривал, Пик Сегед со резултат 23:21.

Клубот од Сегедин имаше водство по првите 30 минути со 11:10, но избраниците на Љубомир Врањеш во второто полувреме заиграа многу подобро и на крајот сосема заслужено славеа победа која им донесе нов трофеј од Купот.

Нашиот репрезентативец Дејан Манасков, постигна два погодоци на оваа средба, а најдобар поединец беше Лекаи кој зад своето име запиша шест погодоци. Одличен меѓу стативите беше и хрватскиот голман, Мирко Алиловиќ кој беше еден од најзаслужните што Веспрем стигна до Куп трофејот.

Facebook Коментари