Поврзете се со нас

Свет

Манасков солиден, Веспрем изненаден на првиот тест за новата сезона

Објавено

на

Екипата на Веспрем за која и во оваа сезона ќе настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков претрпе изненадувачки пораз од Балатонфуреди (32-31) во првиот контролен тест како најава за натпреварувачката 2021/2022.

Ова за Момир Илиќ беше прв натпревар на кормилото на Веспрем и истиот нема по добро да го памети ако се земе во предвид само резултатот. Првиот дел мина во израмнета игра, па таков беше и резултатот 13-13.

Во вториот дел ракометарите на Балатонфуреди беа за нијанса подобри и се изборија за славје против ривалот од унгарскиот шампионат.

Македонскиот ас Манасков имаше солиден настап и даде четири гола од шест обиди. Кај победникот прв стрелец беше Родригез со 8 погодоци, еден повеќе пак за Веспрем даде српскиот интернационалец Ненадиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни