Поврзете се со нас

Репрезентација

Манасков со еден збор ги опиша легендите Столе и Миркуловски (Фото)

Објавено

на

Дејан Манасков ги пропушти двата бараж двомечи за пласман на Светското првенство поради тешката повреда на коленото од која се уште се рехабилитира, но повеќе од јасно е дека ќе биде огромно засилување за мундијалот за кој обезбедивме виза вчеравечер во Скопје.

Во една френетична завршница и фантастична атмосфера во „Борис Трајковски“, Македонија победи над Чешка на завршниот меч во бараж финалето со 27:25 и го продолжи континуитетот со настапи на најважни натпреварувања, но на Светското првенство наредната година најавено е дека нема да гледаме две големи имиња.

Филип Миркуловски беше почесно испратен уште вчера во салата откако најави дека го игра последниот меч во репрезентацијата, но по победата над Чешка, со изјава за повлекување излезе и пивотот Столе Стоилов.

Кирил Лазаров секако очекуваше заминување од „Жути“, но одлуката на Столе е голем шок и за него и најави дека ќе се обиде да го предомисли до мундијалот во јануари. Пред да дојде до такво нешто, ракометарите почнаа да ги поздравуваат своите соиграчи, а еден од нив е Манасков кој со еден збор ги опиша двете легенди (мангупишта).

– Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се мангупишта. Ќе фалите, – порача Деки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни