Манасков расположен за голови, Веспрем убедлив на домашен терен

manaskov-6

Унгарскиот првак Веспрем денеска оствари нова убедлива победа во домашниот шампионат, а совладан е Будакалаж со 35:23.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигнал дури 7 голови за својата екипа, крунисувајќи го одличниот настап на крилата на оваа средба, на која Гашпер Маргуч реализирал 9 погодоци.

Веспрем останува со перфектен скор односно 17 победи на исто толку натпревари, а во моментов е втор зад Пик Сегед бидејќи најголемиот ривал има одиграно два натпревара повеќе.

Facebook Коментари