Манасков расположен, Веспрем го задржа перфектниот учинок

Manaskov-Dabas

Унгарски Веспрем славеше на гостувањето кај Ференцварош со 31:26 и ја забележа 18. победа во домашното првенство, задржувајќи го перфектниот скор со максимален број победи од стартот на шампионатот.

Дејан Манасков беше расположен за игра, постигнувајќи 5 голови на оваа средба на која Веспрем го реши победникот во првото полувреме кое го доби со 18:13. Ист ефект како нашиот репрезентативец имал Ненадиќ, додека најдобар реализатор бил Маргуч со 8 погодоци.

Facebook Коментари