Манасков расположен против Кил, Веспрем останува перфектен во ЛШ

deki

Дејан Манасков постигна 4 гола во победата на Веспрем над Кил (26:24) во рамките на групната фаза на Лигата на шампионите.

Германскиот тим беше подобар противник во првото полувреме кое го доби со 15:12, но следуваше одговорот на Веспрем кој доминираше во вторите триесет минути и на крајот дојде до победа изразена со резултат 26:24.

Македонското репрезентативно крило имало 4 гола од 5 упатени удари кон голот на Кил, а поефикасни од Манасков биле само Илиќ со 6 и Лекаи со 5 гола. Најмногу проблеми на унгарскиот првак му правел Вајнхолд кој во дресот на Кил постигнал 8 погодоци.

Иако потешко од очекуваното, Веспрем останува перфектен со четири победи, додека за Кил ова беше трет пораз на четвртиот натпревар во ЛШ.

Facebook Коментари