Лига на шампиони
Манасков пред дебито во Келн го испофали поранешниот „вардарец“ и нагласи: Ова е сонот на секој ракометар!
Покрај македонскиот ракометен шампион Вардар, оваа година учество на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе земе уште еден наш претставник, и тоа во името на Дејан Манасков кој за првпат ќе биде дел од еден спектакл во Келн.
До оваа година, стандарден претставник од нашата земја на Ф4 турнирот беше Кирил Лазаров кој со неговиот Нант не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри тима, но затоа тоа му појде од рака на Манасков кој заедно со своите соиграчи од Веспрем ќе ужива во ракометната магија.
Веспрем во полуфиналето ќе игра против Кјелце против кого веќе двапати славеше во групната фаза, но добро познато е дека завршните натпревари во Келн никогаш не можат да се предвидат.
– Овој клуб секогаш има високи цели и победите ни се во фокусот. Навистина сум многу среќен во Веспрем и среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и наредната сезона. Дејвис беше асистент во Вардар во времето кога работевме заедно во овој тим, сега ја има улогата на прв тренер и мора да кажам дека одлично му оди. Сите добиваме шанса и минутажа, па благодарение на неговите тренерски квалитети, сите играчи сме задоволни, – изјави македонскиот репрезентативец во интервјуто за ЕХФ и додаде.
– Двапати го победивме Кјелце во групната фаза, но двата меча беа многу тесни. Во Келн нема фаворити, фокусирани сме на нашата игра и сакаме да отидеме чекор погоре. Тешко е да се предвиди кој ќе слави на Ф4 турнирот, сите имаме еднакви шанси. Јас сум посебно среќен што ќе дебитирам на едно вакво натпреварување, бидејќи за секој ракометар сон е да игра во Келн и да го достигне тоа ниво во кариерата, – завршува Манасков.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..