Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков по кам-бекот на терените: Конечно можам да кажам…(ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков ја надмина тешката повреда и конечно се врати на терените и тоа на вчерашниот меч против Алборг во Лигата на шампионите на кој неговиот Веспрем славеше со 36-29 и направи голем исчекор кон завршниот турнир во елитното натпреварување.

Манасков доби минути од тренерот Момир Илиќ и даде еден гол од двата обиди. Ова за Деки дефинитивно е добра вест, па денеска ги искористи социјалните мрежи да им се заблагодари на сите кои му помогнаат да го мине овој тежок период за да денеска биде фит за предизвиците.

-По 202 дена конечно можам да кажам дека се вратив. Уживав во првите минути на теренот. Среќен сум што можев да му помогнам на тимот во големата победа. Беше долго патување со многу труд и посветеност, но успеавме.

-И благодарам на Марија Лојаница за неверојатната работа што ја заврши со мене во последниве неколку месеци. а исто така благодарам и на моите двајца физиотерапевти Немања Вучиќ и Димитар Маневски што ме лекуваат секој ден, -напиша крилото кој воедно го сподели голот против Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни