Манасков одмараше, Веспрем рутински ја потврди титулата

Manaskov-PikS

Дејан Манасков денеска ја освои шампионската титула во Унгарија, откако Веспрем остана непоразен на гостувањето кај Пик Сегед (27:27) и го освои трофејот пред големиот ривал поради убедливата победа на првиот натпревар.

Плејоф завршницата на унгарското првенство значеше два натпревара меѓу двете најдобро пласирани екипи, а Веспрем со триумфот пред своите фанови имаше само рутинска задача во Сегед.

Манасков и Гајиќ добија одмор од тренерот Дејвид Дејвис, а најефикасен во неговиот тим бил Штрлек со 5 голови. Во редовите на Пик Сегед, дури четворица играчи постигнале по 4 голови.

Facebook Коментари