Манасков одличен, но Омејер донесе радост за „светците“ во големото дерби

manaskov

Тимот на Пари Сен Жермен е новиот лидер во групата Б во Лигата на шампионите, откако вечерва во големото дерби беше подобар од Веспрем на нашиот Дејан Манасков со 33-28 (19-14).

Македонското крило имаше добар натпревар и постигна три погодоци од четири обиди, меѓутоа неговиот ефект како и оној на Гајиќ, Тонесен (5 голови-Веспрем), Карабатиќ (8), Сагосен, Кемпф (6-ПСЖ) паднаа во сенка на ветеранот Тјери Омејер кој беше фантастичен на голот на „светците“ со вкупно 19 одбрани.

Сега францускиот преставник со 12 бода е лидер на табелата, пред Веспрем со 11 и Флензбург со 10 бодови.

Веќе наредното коло ќе имаме нова пресметка меѓу ПСЖ и Веспрем со тоа што сега унгарскиот шампион ќе биде домаќин и тоа на 18 ноември.

Facebook Коментари