Поврзете се со нас

Свет

Манасков мина само неколку месеци во Вецлар, но доволно за да влезе во историско друштво (Фото)

Објавено

на

Дејан Манасков не комплетираше ниту една цела натпреварувачка сезона во Вецлар, но сепак неколкуте месеци кои ги мина во овој германски клуб очигледно беа доволно да влезе во „избрано друштво“.

Угледниот германски бундеслигаш денеска организираше една анкета за своите следбеници и најверни фанови, кои интересно можат да го бираат и македонскиот репрезентативец за најдобро лево крило во историјата на тимот.

Преку официјалниот Фејсбук профил, беа објавени шест имиња на фантастични ракометари кои го носеле зелениот дрес, а во потесниот избор се најде популарниот Деки.

Мора да се напомене дека Манасков беше навистина одличен во Вецлар откако замина во Германија по егзодусот кој настана во Металург, а силниот впечаток кој го остави, го смести меѓу шесте најдобри леви крила кои некогаш заиграле за тимот.

Само за потсетување, по кратката етапа во Вецлар, Манасков се врати во Скопје и потпиша за Вардар, а потоа повторно се одлучи на интернационална кариера, па преку Рајн Некар заврши во Веспрем за кој игра и ден денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни