Манасков меѓу најефикасните, Веспрем ја започна сезоната со победа

deki

Унгарскиот првак Веспрем славеше убедлива победа над Дабаш (36:17) во првиот натпревар од новата сезона на домашното првенство, а Дејан Манасков беше меѓу најдобрите поединци на теренот.

Манасков со 3 гола одлично ја искористил минутажата дадена од тренерот, а поефикасни од него биле само Маргуч и Штрлек со по 6 погодоци. Дебитантите Јахија и Лауге постигнале 3, односно 1 гол на оваа средба.

Веспрем уште на полувреме ја имаше победата откако водеше со 19:9, а доминацијата ја потврди и во вториот дел за конечни 36:17 против Дабаш.

Facebook Коментари