Манасков со јубилеен гол, Веспрем во финалето на Купот на Унгарија

deki

Екипата на Веспрем за која настапува нашиот репрезентативец Дејан Манасков избори пласман во финалето на Купот на Унгарија.

Гигантот во полуфиналната битка со Балатонфуреди КСЕ обезбеди сигурен и убедлив триумф од 38-22 (20-12) и сега во завршниот меч за пехарот ќе се соочи со најголемиот ривал ПИК Сегед.

Бекот Џамали со 7 голови беше најфикасен, а одличен беше и Манасков со 4 голови со тоа што крилото воедно ја раситни бројката од 100 погодоци во таборот на Веспрем.

Facebook Коментари