Манасков ја наполни мрежата на Спартак Москва

Manaskov-Kielce

Дејан Манасков го предводеше Веспрем во новата победа во СЕХА лигата, овој пат против Спартак Москва со резултат 37:32.

Унгарскиот првак настапи без голем број првотимци на овој дуел, но сепак ги обезбеди бодовите, а најрасположен беше токму македонскиот репрезентативец.

Манасков го заврши натпреварот со 10 голови од 11 упатени удари, а најдобра поддршка имаше од Мачковшек и Хорњак кои реализираа по 6 погодоци.

За Веспрем ова беше петта победа во актуелната сезона во СЕХА и има 15 бодови за прво место во својата група и ист ефект како и Вардар и Мотор кои се дел од групата А.

Унгарскиот тим денеска игра уште еден натпревар и тоа во домашното првенство против Чургои, а на него ќе настапат останатите членови на првиот тим.

Facebook Коментари