Манасков ја избра идеалната „седумка“ од соништата (Фото)

dejan manaskov januari2018

Во текот на вчерашниот ден поранашниот словенечки репрезентативец Драган Гајиќ го направи својот избор на дрим тимот од соништата во кој го вклучи и актуелниот спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров, додека пак денеска Веспрем го соопшти изборот и на нашиот Дејан Манасков.

Летечкото македонско крило од поранешните и актуелните соиграчи се одлучи за вардарците Арпад Штербик и Тимур Дибиров, бековската линија ја сочинуваат Ивано Балиќ, Момир Илиќ и Ласло Наѓ, изборот за кружен напаѓач е Хендрик Пекелер од Рајн-Некар Левен како и Патрик Грецки (десно крило) кој исто доаѓа од таборот на „лавовите“ од Манхајм.

#MyDreamTeam

A post shared by Telekom Veszprém (@handballveszprem) on

Facebook Коментари