Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков ја доби пресметката со Лазаров и со генијален гол го „запали“ профилот на ЕХФ (Видео)

Објавено

на

Првото коло во новата сезона во Лигата на шампионите ни донесе македонска пресметка во вечерната програма, бидејќи Кирил Лазаров и Дејан Манасков беа едни од најдобрите поединци во тимовите на Нант и Веспрем.

На крајот, поуспешен беше унгарскиот великан кој славеше на гостувањето во Франција со 24:28, натпревар на кој македонските репрезентативци постигна идентичен број на голови.

Лазаров и Манасков го завршија натпреварот со пет реализации, а со тоа беа најефикасни во своите состави заедно со Фигуерас од Нант и Нилсон од Веспрем.

За Манасков, интересно е тоа што сите пет погодоци ги постигна во вториот дел, па тој беше и најзаслужен во позитивната серија која ја имаше неговиот тим во вторите 30 минути кои ги доби со 14:17.

Исто така, македонското крило беше актер и на убедливо најатрактивниот потег на средбата, бидејќи изрежира генијална завршница од зад грб со која го надитри голманот на Нант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни