Манасков имаше одлично полувреме, Веспрем не искористи напад за израмнување против Кил

Manaskov-Kielce

Кил и Веспрем одиграа неизвесен натпревар во ракометната Лига на шампиони, а тимот на нашиот Дејан Манасков загуби минимално 29:28, откако во завршницата не искористи цел напад за израмнување.

Манасков одигра одлично во првото полувреме кое го заврши со 3 гола од кои последниот за нерешени 15:15 на полувреме, но не доби шанса во вториот дел поради ротацијата на тренерот кој и овојпат му даде шанса на Штрлек во следните триесет минути.

Веспрем се врати од неколку голови негатива и во завршницата при резултат 29:28, имаше напад во кој по неколку запрени обиди, во последните секунди шутираше Борозан, но Црногорецот не успеа да го совлада Ландин за израмнување.

Со оваа победа Кил си го обезбеди првото место во групата и директниот пласман во четвртфиналето на ЛШ, а најефикасни беа Екберг со 8 и Пекелер со 7 голови. Кај Веспрем, поефикасни од Манасков беа Омар со 5, односно Нилсон и Борозан со по 5 погодоци.

Facebook Коментари