Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем со победа се загреаа за Нант

Објавено

на

Дејан Манасков ја надмина повредата и се врати на терените со солиден настап за Веспрем во пресметката против Дабас во првата лига на Унгарија.

Фаворитот одигра далеку под очекувањата во првите 30 минути и на пауза замина со минус еден (16-15), но во продолжението потврди зошто е број еден во шампионатот и со 24-13 дојде до пресврт за конечно славје од 39-29.

Со овој триумф Веспрем го обезбеди првото место во регуларниот дел. Македонскиот репрезентативец Манасков ја заврши оваа средба со четири голови, прв стрелец беше Мае со 10 погодоци.

Ова за четата на Дејвис беше последна контрола пред реваншот со Нант во ЛШ каде ќе брка негатува од четири голови (32-28).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни