Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем продолжија да газат во Унгарија

Објавено

на

Тимот на Веспрем пред неколку денови го освои Купот на Унгарија, но време за одмор и прослава немаше затоа што дојде нов предизвик и тоа во домашниот шампионат, предизвик на кој успешно одговорија избраниците на Давид Дејвис Камара.

Имено составот на Веспрем како гостин славеше над Ференцварош со 39-28. Фаворитот беше супериорен уште во првиот дел кој го реализираше со 19-11, предност која потоа беше потврдена и надградена во второто полувреме.

Шишкарев со осум голови беше прв стрелец, нашиот репрезентативец Дејан Манасков беше автор на два погодоци. Веспрем со учинок 19-1 (победи и едно реми) е на првото место на прволигашката табела во Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни