Поврзете се со нас

СЕХА лига

Манасков и Веспрем ќе се борат за титулата во СЕХА лигата

Објавено

на

Унгарскиот прволигаш Веспрем е првиот финалист на завршниот турнир во СЕХА лигата и тоа откако вечерва беше подобар од тимот на Мешков Брест со 28-24.

Средбата во Задар донесе две различни полувремиња, прво кое беше израмнето и за еден гол го доби преставникот на Белорусија (13-12) за да продолжението донесе потврда на статусот на фаворит на Веспрем кој одигра на повисоко ниво и со 16-11 се избори за билет за финалето кое се игра во недела.

Маргуч и Ненадиќ со по 6 гола беа најдобри поединци во победничкиот табор за кого македонскиот репрезнетативец Дејан Манасков беше автор на 3 погодоци. Воедно не треба да се заборави ниту настапот на голманот Коралес со вкупно 15 одбрани.

Кај Мешков Брест Шкурински постигна шест гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни