Поврзете се со нас

Репрезентација

Манасков и Томовски нема да играат на МИ, повикани се двајца нови играчи

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир, но селекторот Кирил Лазаров ќе ги нема на располагање сите играчи на кои сметаше за овој настан.

Од претходно беше јасно дека во Оран нема да патува Филип Талески за да сега тој список биде потскратен за уште неколку познати имиња. Имено на првиот собир ги немаше Дејан Манасков (Веспрем), Мартин Томовски (Вардар), Марко Мишевски (Вардар) и кружниот напаѓач Милан Лазаревски од Тримо Требње.

Сето ова придонесе да бидат дополнително повикани двајца нови ракометари и тоа од Алкалоид, Теодор Тодески и Иван Галевски.

Македонија за ривали во групната фаза освен домаќинот Алжир ги има Шпанија, Турција и Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни