Манасков го постигна 300. погодок во дресот на Веспрем

deki

Составот на Веспрем ја оправда улогата на фаворит и славеше над Металопластика со 36-29 во вечерашната средба во СЕХА лигата.

Унгарскиот шампион уште во првите 30 минути направи сериозна предност од 22-14, позитива која му дозволи во вториот дел рутински да го приведе натпреварот кон посакуваниот резултат. Ова беше дуел на кој нашиот Дејан Манасков реализираше два голови од три обиди, односно дојде до 300 погодок во дресот на Веспрем.

Нилсон, Омар и Гајиќ со по 6 голови беа најефикасни кај унгарскиот гигант, додека Милиќ ја предводеше листата на стрелци кајс гостите (седум).

Facebook Коментари