Манасков го доби признанието за најдобар играч на Веспрем

manaskov

Летечкото македонско крило, Дејан Манасков и официјално го доби признанието или во случајот пехарот за најдобар играч за минатата сезона во Веспрем.

Претходната сезона нашиот Деки беше прогласен за играч број еден од страна на навивачите, но дури сега ја доби титулата „Карлос Перез“ која му ја врачи самиот Кубанец со унгарски пасош. Манасков го зграби трофејот пред дербито со ПИК Сегед, дерби на кое Македонецот не се најде во составот, дерби кое Веспрем го загуби со 32-27.

Facebook Коментари