Манасков со едно промашување, Веспрем со пресврт до победа против Кјелце

deki

Веспрем и Дејан Манасков издвојуваа победа над Кјелце од 28-24 во дербито во групата Б во Лигата на шампионите.

Унгарскиот гигант беше надигран во првиот дел (13-15), но во продолжението заигра многу подобро и бодрен од публиката беше на високо ниво во двата правци, па така со 15-9 се избори за пресврт и шесто сезонско славје.

Пикерот Нилсон со пет погодоци беше најдобар кај победникот за кого нашиот Деки даде два погодоци од три обиди. Кај полскиот претставник пак се истакна Каралек со шест гола.

Во следната рунда Веспрем му гостува на Вардар во „Јане Сандански“.

Facebook Коментари