Поврзете се со нас

Македонија

Манасков: Чест и задоволство е што доаѓам во Битола, сакам двојна круна со Пелистер!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Повремениот македонски репрезентативец, Дејан Манасков го реши клупското прашање и во иднина ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер.

Дејан се враќа на сцената: Манасков потпиша за Еурофарм Пелистер

Искусното крило веќе некое време се поврзуваше со „фармацевтите“ за да денеска официјално биде потврдено дека е постигнат договор и дека Манасков ќе биде дел од актуелниот македонски првак.

-По подолги преговори успеавме да се договориме со клубот. Чест и задоволство ми е што ќе бидам во Битола, град во кој навивачите го познаваат ракометот. Тука сум настапувал многу пати и секогаш било забавно, сум бил на спротивната страна, но сега патот ме донесе на домашната страна. Останува да работиме, да се надградуваме, пред нас е возбудлива полусезона, јас знам кои се целите на клубот.

-Секогаш во кариерата сум се стремел кон највисоките цели, така ќе биде и сега. Задачата е се освои дупла круна, ќе биде тешко, ама ќе работиме и бидеме најдобри што можеме. Имаме добра екипа, покриени сме со квалитетни играчи на сите позиции. Добро е кога има конкуренција во тимот. Останува да се воиграме, некои играчи си заминаа, некој дојдоа, ќе се направи добар микс и заедно да дојдеме до зацртаните цели. Ќе биде неизвесно до самиот крај, заостанува еден бод во однос на двата главни конкуренти, ќе се обидеме тоа да го надополниме и се радуваме. Најважно е да се служи здравјето, -вели Манасков на кого му е драго што повторно ќе може да игра во елитното натпреварување.

-Ќе ми биде драго по подолга пауза да играм во ЛШ. Таму настапував околу 11 години. Тие четири натпревари се добредеојдени и се надевам дека ќе успееме некому да му „откинеме“ некој бод, да се претставиме во најдобро светло. Да ги искористиме истите за тоа што не очекува во домашното првенство и Купот. Сакаме дупла круна, ќе се подготвиме најдобро што можеме за да ги освоиме титулите, -истакна некогашниот член на Вардар, Металург, Веспрем, Вецлар и Рајн Некaр Левен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни