Свет
Манасков блескаше и со девет гола го водеше Веспрем до нова победа

Веспрем очигледно нема конкуренција во домашното првенство и ја продолжи серијата без пораз во унгарскиот шампионат, а денеска прво име на паркетот беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Фаворитот за нова титула во Унгарија го декласираше Егерс со 44:28 во пресметка во која во ниту еден момент не беше неизвено прашањето околу победникот, а најдобра најава за тоа беше првото полувреме во кое домаќинот постигна двојно повеќе голови.
Веспрем ги доби првите 30 минути со 22:11 и стана јасно дека ќе оствари лесна победа, а во второто полувреме постигна уште 23 во мрежата на противникот.
Дејан Манасков беше најдобар поединец на теренот и постигна дури девет погодоци, учинок со кој беше убедливо најдобар стрелец во двата тима.
Покрај левото крило, шест голови постигна Јахија, а пет Ненадиќ.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Светпред 12 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Англијапред 20 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата