Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков без промашување, но Веспрем не успеа да го победи Кјелце

Објавено

на

Веспрем го изненади ПСЖ во првото коло на Лигата на шампионите, но вечерва не успеа да оствари уште една победа на гостувањето кај Виве Кјелце (29:32).

Дејан Манасков и неговите соиграчи одиграа лошо во првото полувреме, кое полскиот тим го доби со 17:12, па тоа се покажа како пресериозна предност за евентуален пресврт.

Нашиот репрезентативец постигна 3 гола од ист број упатени удари кон голот на Кјелце, но Веспрем не успеа да влезе во победничка серија против уште еден ривал за највисок пласман.

Ненадиќ со 9 и Маргуч со 5 голови биле најефикасни во составот на Веспрем, додека кај Кјелце, Душебаев го заврши натпреварот со 7, а Морито со 6 голови.

Двете екипи по две кола имаат еден триумф и пораз, додека перфектна е само Барселона која денеска го победи Мотор со 36:25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни