Поврзете се со нас

АТП

Манарино доби „компири“ од Ѓоковиќ, па со урнебесна гестикулација ги изнасмеа фановите (Видео)

Објавено

на

Адријан Манарино заслужи да се најде во осминафиналето на Аустралијан Опен со тешките победи остварени во претходните рунди, но во него немаше одговор за расположениот Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер помина како на полесен тренинг, а Французинот долго се мачеше да освои гејм, нешто што му успеа дури во последниот сет, колку толку ублажувајќи го убедливиот пораз.

Она што дефинитивно може да му се признае на Манарино е дека не остана без смисол за хумор и во најтешките моменти, па камерите го уловија како гестикулира кон својот бокс, алудирајќи на двата „компира“ по првите два сета кои ги загуби со 6:0.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Тејлор Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни