Мамиќ: Никој не ме спомнува за успехот на Хрватска, сите заборавија од каде ги доведов Модриќ, Ловрен и Ковачиќ!

mamik-sud

Здравко Мамиќ на средината на месец јуни беше уапсен од страна на полицијата на Босна и Херцеговина, но сепак се уште е нејасно дали ќе биде екстрадиран во родната Хрватска за да ја одлежи казната која му ја изрече Жупанскиот суд.

Судот одлучи дека Здравко Мамиќ треба да мине во затвор шест ипол години поради провлекување пари за своја корист од клубот Динамо Загреб, но во целата оваа ситуација се јавува проблем за екстрадација, бидејќи Мамиќ всушност има и босанско државјанство кое му дава за право да му се суди пред судот во оваа земја.

Се уште нејасно е дали Мамиќ ќе се врати во Хрватска, или пак судењето ќе започне одново во Босна, но во меѓувреме во центарот на вниманието се најде една негова изјава поврзана за успехот на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија.

– Се виде како третираат човек во Хрватска кој направи многу за цел народ. 48 години бев во Динамо, ме нарекуваа најмоќен човек во хрватскиот фудбал, а веројатно и јас имам одредени заслуги за историскиот успех на репрезетанцијата. Иако гледам дека никој не ме спомнува, но неспорно е дека сетоа ова кулминација на нашиот успех низ годините и базата од фудбалери која ја направивме. Јас овие деца, Модриќ, Ловрен, Ковачиќ Чорлука ги доведов како бегалци од Босна, тоа се неспорни факти. Моја е заслугата тоа што ги спојував луѓето и што не дозволував политиката да се меша во спортот, – потенцира Мамиќ во интервјуто за „Дневни аваз“.

Facebook Коментари