Поврзете се со нас

Шпанија

Мамардашвили со вонсериска интервенција ги воодушеви фановите на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/valenciacf.en

Валенсија врза четири победи во низа во шпанската Примера за првпат од 2018-та година, па така момците на Рубен Бараха повторно успеаја да ги израдуваат своите навивачи кои минаа низ навистина тешки сезони.

„Лилјаците“ минатата година се бореа за опстанок и во последното коло опстанаа во елитата, но ситуацијата е доста постабилна оваа сезона и тимот на Бараха е блиску до зоната која обезбедува европски фудбал.

Валенсија вчера го победи најразиграниот тим во Ла Лига и му го нанесе првиот пораз на Атлетик Билбао од месец октомври, а домаќините имаа двајца херои на оваа средба.

Првиот е Уго Дуро кој со својот деветти сезонски гол ја донесе Валенсија во водство, а вториот е Џорџи Мамардашвили кој брани на навистина високо ниво цела сезона.

Грузиецот е еден од најдобрите голмани во шпанската елита, нешто што го докажа и со вонсериската интервенција со која успеа да ја одбрани победата на Валенсија.

Мамардашвили успеа да ја стопира топката со една рака на неверојатен начин, па ова сигурно ќе биде одбрана на колото во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни