Шпанија
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
Валенсија ја очекува жестока борба за опстанок во Ла Лига и мора да победува, освојува бодови кога има добра ситуација за тоа.
Имено „лилјаците“ со катастрофален кикс во самата завршница останаа со празни раце во пресметката со Реал Мадрид на почетокот на оваа година, додека пак вечерва останаа без победа на гости кај Севилја во 93 минута.
Гостите постигнаа гол во 61 минута преку Риоха и потоа ги одбија сите напади на домаќините и се изгледаше дека со три бода ќе го напуштат „Рамон Санчез Писхуан“, меѓутоа во судиското продолжение по ударот на Педроса многу лоша реакција имаше Мамардашвили кој се врати на голот на Валенсија по повредата, односно го пресели нашиот Столе Димитриевски на клупата за резерви.
Грузиецот очајно реагираше, едноставно им подари гол на домаќините кои со ова избегнаа болен пораз (ОВДЕ погледнете ги погодоците)
Со 13 бода Столе и компанија се на последното место на прволигашката табела.
-
Репрезентација16 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Свет16 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства7 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија12 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија14 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Англија8 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија14 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Шпанија19 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот