Шпанија
Мамардашвили со еден збор му објасни на Торес зошто останал во Валенсија

Барселона славеше убедлива победа над Валенсија во последното соочување на овие две екипи во Ла Лига, а шпанските медиуми успеаја да уловат и интересна конверзација за време на натпреварот.
Феран Торес имал искрен разговор со противничкиот голман Гиорги Мамардашвили, а се интересирал зошто грузискиот голман останал во Валенсија и покрај тоа што веќе се договори за трансфер во редовите на Ливерпул.
– Зошто не замина уште годинава? – прашал Торес.
– Алисон (Бекер), – кратко одговорил Мамардашвили, објаснувајќи дека очигледно премиерлигашот и бразилскиот голман се договориле уште сезонава тој да биде во прв план на голот на Ливерпул.
Грузиецот се интересирал и како и оди на Барселона, а Торес му одговорил дека неговиот тим останал без многу планирани бодови, алудирајќи на неколку киксеви во серија против послаби екипи.
Мамардашвили не замина во Ливерпул и на тој начин и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски останува во втор план во редовите на Валенсија, па и тој ќе ја чека следната сезона за менување на приоритетите на двата клуба.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа