Поврзете се со нас

Европски првенства

Мамардашвили: Првиот гол на Шпанија требаше да биде поништен

Објавено

на

Foto:instagram.com/geo__team

Гиорги Мамардашвили беше најдобар голман на Европското првенство до осминафиналната фаза и воодушеви со начинот на кој го бранеше грузискиот голман, па иако имаше неколку брилијантни интервенции и против Шпанија, сепак не можеше да спречи сигурен пораз.

Шпанија жестоко одговори на автоголот на Ле Норманд и постигна четири гола во мрежата на голманот на Валенсија, кој по крајот на средбата заклучи дека „фуријата“ е главен фаворит за титулата, но и дека добила мала помош при првиот гол.

Родри испрати хируршки прецизен удар во мрежата на Грузијците, но истиот не беше поништен и покрај тоа што Алваро Мората беше во офсајд.

– Треба да бидеме среќни и горди на тоа што го прикажавме на Европското првенство, се презентиравме многу добро на овој турнир и покажавме максимална посветеност. Тажно е да загубите во осминафинале, но треба да бидеме и среќни.

– Шпанија е главен фаворит на овој турнир и мислам дека ќе стане шампион. Вистинска штета е што се паднавме со нив во првата нокаут рунда, но ова не е крајот на оваа генерација. Ќе се вратиме уште посилни.

– Исто така, првиот гол на Шпанија требаше да биде поништен. Мората е 100 проценти во офсајд. Можеби ќе го загубевме мечот секако, но за мене тоа е чист офсајд. Мората беше пред мене и го попречуваше видикот, тоа е чист офсајд, – изјави Мамардашвили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни